Издавачкиот Центар ТРИ донираше книги на училишната библиотека
Сре, 17/4/2019
Во рамките на својата кампања „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, чија цел е поттикнување на свеста на младите за читањето и приближување на книгата до нив, Издавачки центар ТРИ го збогати фондот на училишната библиотека во ООУ „Крум Тошев“ со одбрани книги за млади. Од денес учениците ќе имаат на располагање нови 200 извонредни наслови преку кои се обидуваме да им го доближиме чудесниот свет на книгата и да ги поттикнеме таа да им стане секојдневје и верен пријател во животот. Искрено се надеваме дека учениците ќе уживаат во новите авантури што ги чекаат меѓу кориците! Сите ученици и вработени во ООУ “Крум Тошев” упатуваат голема благодарност до издавачкиот центар ТРИ. |