Награди за најуспешните прозни и поетски творби

Драги ученици,

Денес го завршуваме одбележувањето на Месецот на книгата.

На литературниот конкурс на тема “Со книгата другарувам, со книгата патувам“ пристигнаа навистина голем број творби, со кои докажавте дека за некои од вас читањето не е само здобивање со знаење, туку можност да се влезе во световите кои може никогаш нема да ги видиме. Со вашите литературни творби патувавме со книгите во непознати и чудни земји, со вили и самовили, во слатката долина со чоколадни куќички, не бркаа лошите пирати, игравме фудбал како Роналдо, се дружевме со славниот физичар Стивен Хокинг, со една ајкула и подморница, другарувавме со Трајче и Мирче, со патувањето на Марко кое никогаш не завршило....

Им благодариме на сите ученици за учество во литературниот конкурс, со чии творби бевме дел од нови интересни светови.

Училишната жири-комисија одлучи да ги додели следниве награди за најуспешните прозни и поетски творби:

Наградени ученици од I -V оддеделение:

I место - Анабела Ѓорѓиевска V-2

II место - Марио Петровски III -2

III место - Андреј Сиљановски IV-1

Наградени ученици од VI - IX оддеделение:

I место - Андријана Атанасовска VII-1

II место - Ива Стојановска VI -1

III место - Сара Рамаданова Јованова VIII-2

Честитки за сите!

Децатаа кои читаат книги подоцна и добро ќе пишуваат.Читајки литература го учат ритамот на јазикот, го зголемуваат речникот и учат како се создаваат реченици. Читањето ќе им помогне да ги користат своите јазични вештини и креативност.

И не заборавајте, читам значи постојам.

Наградите на нашите ученици ќе им бидат доделени до крајот на оваа работна седмица.

Фејсбук