Светски ден на детето

По повод 5ти Октомври, Светскиот ден на детето а во рамки на Детската недела 2020, денес во холот на училиштето беше одржана приредба, културно-уметничка програма, во чии рамки се прочита „Детското ветување" за првачињата.

Тие слушнаа за своите права и должности, како и рецитали и песнички посветени на училиштето и наставничките, а истите беа презентирани од учениците од второ до петто одделение по посебни протоколи за заштита на здравјето.

Останатите ученици од шесто до деветто одделение во рамки на Детската недела 2020, на одделенски час дискутираа и се запознаа со Конвенцијата за правата на децата.

Фејсбук