Уредување на училишниот двор
Пон, 15/11/2021
Уредувањето на училишниот двор е при крај. Теренот е расчистен. Направени се пешачки патеки од природен камен кои се наоѓаат кружно околу фонтаната која што е реновирана и ставена во функција. Изграден е полукружен амфитеатар со три нивоа скалести трибини. Набавени се нови клупи и корпи. Во завршен процес е и детското катче со лулашки и урбана опрема. Просторот е естетски и еколошки уреден со нови зимзелени дрва. Изработена е влезна порта. Конечно учениците имаат простор за слободни активности, игри и дружење. |