Со книгата другарувам, со книгата патувам
Сре, 03/11/2021
Како дел од активностите по повод Месецот на книгата, организиравме неколку работилници каде заедно со нашата драга писателка Александра Велинова направивме еден нов пристап кон оживување на книгата во рацете на децата. Го промовиравме и поттикнавме читањето кај нашите ученици, разговаравме со писателката, се дружевме. Под мотото “Со книгата другарувам, со книгата патувам“, патувавме во Египет и Дизниленд, и другарувавме со ликот на Стефан од книгите “Стефан на прошетка со Ками во Египет“ и “Стефан во магичниот град“. Беше забавно, другарувавме, патувавме, се смеевме, и ја збогативме библиотеката со нови наслови. |