Ден на Франкофонијата и на францускиот јазик - 3

Денес, нашето училиште го одбележа денот на Франкофонијата и на францускиот јазик и имавме можност да ги претставиме креативните рачни изработки од истоимениот конкурс, како и цртежи, фотографии и видео презентации на тема Франкофонија за кои учениците се здобија со дипломи од училиштето како и награди од претставници од Францускиот институт од Скопје кои донираа многубројни списанија, книги и други изданија од француската литература кои ја збогатија нашата библиотека. Месецот на Франкофонијата е настан под иницијација и органицазија на наставничката по француски јазик Каролина Димовска,на наставничката по ликовно образование Јулија Никовска Пешевска, во соработка со Вишна Штерјо-библиотекар и Елена Геговска-психолог.

Vive le francais et la Francophonie!

Фејсбук