Денови на медиумска писменост

На ден 31.10.2022г. учениците од 7, 8 и 9 одделение, по повод Денови на медиумска писменост, во соработка со Агенција за филм на РСМ и Кинотека на РСМ имаа можност да присуствуваат на кино проекцијата на филмот ХАКЕР. Филмот беше на тема Видео игри, а воедно беше синхронизиран на македонски јазик.

По гледањето на филмот учениците имаа можност да учествуваат во кратка дискусија со психологот Елена, за филмот и социјалните мрежи и нивното влијание врз животот на младите.

Учениците уживаа и се едуцираа во ова двочасовно филмско доживување.

Фејсбук