Професија писател за деца

По повод Месецот на книгата наш гостин беше Ксенија Маказлиева - Трајчева авторка на збирките раскази за деца „Спирко немирко“, „Борко брзозборко“ и уредник на литературните списанија за најмладите: „Развигор“, „Другарче“ и „Росица“.

Се организираа неколку книжевни работилници со учениците од II, III, IV, VII и VIII одделение. Со својот убав збор Ксенија не водеше низ страниците на македонската литература за деца. Другарувавме со нејзините ликови, раскажувавме, драматизиравме и се запознавме со професијата – писател за деца.

На наше големо задоволство Ксенија ја збогати нашата училишна библиотека со збирката раскази „Спирко немирко“. Благодариме на посетата и поддршката за развивање љубов кон читањето и творењето.

Фејсбук