Новогодишно хуманитарно училиште - 1

На 21.12.2022г. нашата новогодишна магија се случи само на наш својствен начин и тоа како Новогодишно хуманитарно училиште. Хуманоста не се кажува, туку се покажува и докажува, хуманоста не се импровизира, туку реално, искрено и од срце се практицира, хуманоста на дело се чествува. Хуманоста е одлика на луѓето со широка и чиста душа, со отворено и вдахновено срце, со весели и јасни мисли и благороден и искрен ум. Хуманоста е врвна вредност на пиедесталот на вредности и морални норми на оние луѓе кои искрено, недвосмислено и недвојбено умеат и сакаат да поддадат рака на секому кому му е потребна.

Благодариме на сите кои што денес застанаа рамо до рамо со нас и ја покажаа својата хуманост и тоа: Учениците, вработените во ООУ Крум Тошев, родителите, вработените и советниците во Општина Гази Баба со градоначалникот г-дин Бобан Стефковски, пратеникот во собранието на Р. Македонија - Жаклина Пешевска, фирмите од околината и пошироко, основните училишта од Општината, ЈКП Гази Баба 2007, сопругата на Словачкиот амбасадор - Жанет Маркушова, изведувачите кои се одзваа на нашата покана, црковниот одбор на црквата св. Ѓеорѓи, водителите Бојан Станковиќ и Даниела Јовановска и др.

Ние нашата хумана задача успешно ја завршивме.

Останува задачата за нашата Тања а тоа е што побргу да се врати онаму каде што и е местото - а тоа е училницата и нејзините ученици !!!

Фејсбук