Во ресторан
Чет, 09/2/2023
На ден 08.02.2023 во нашето училиште се одржа час по француски јазик со учениците од 8-2 одд. под менторство на наставничката Каролина Димовска на тема „Во ресторан“ на кој учениците ги покажаа своите јазични и кулинарски вештини и имаа можност практично да комуницираат на француски јазик и да порачуваат храна во ресторан. Истовремено ги презентираа и дегустираа различните кујни: француски, интернационални и македонски традиционални јадења. Часот беше посетен и од страна на другите наставници како и од стручната служба. Bon appétit Видеото можете да го погледнете на следниот линк: |