Одбележување на празникот на БАБА МАРТА
Мартинка е висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои - бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на "Баба Марта". Мартинката се става на 1 март, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет. Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво и се врзуваат на него замислувајќи желба! Нашите ученици од одделенска и предметна настава ја покажаа својата креативност и изработија најразлични модели на Мартинки и го одбележаа прославувањето на почетокот на пролетта. |