Светски ден на здравјето
Пет, 07/4/2023
Денес на Светскиот ден на здравјето - 7 Април, во нашето училиште се одржа предавање на тема „Комуникација со тинејџери“ од страна на проф. д-р Александра Жежова, професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев - Штип. На предавањето присуствуваа родители на ученици од VIII и IX одделение, наставници и стручни соработници од нашето училиште, кои го збогатија своето познавање од оваа област. Тинејџерите поминуваат низ сензитивен период од својот развој, а поддршката од родителите и наставниците е значајна за нив, бидејќи децата се нашата иднина - зеница во нашите очи. |