Играме од срце за Алек

УЧЕСТВО НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР "ИГРАМЕ ОД СРЦЕ ЗА АЛЕК"

Во просториите на општинското основно училиште "Вера Јоциќ" утрово се одржа меморијалниот турнир во чест на младиот Алек Радуловиќ кој за жал го загубил својот живот.

Денес под мотото "Играме од срце за Алек" сите се потсетија на спортскиот и ведар дух кој во себе го имал младиот Алек.

Учесници на настанот беа ученици од сите општински основни училишта од трето одделение.

Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните во салата и истакна дека наскоро на местото на старото основно училиште "Вера Јоциќ" ќе започне изградбата на нов спортски центар. По предлог на Градоначалникот Стефковски а по претходни консултации со семејството Радуловиќ спортскиот центар ќе го носи името Алек Радуловиќ, со што споменот за него ќе биде вечен.

Оваа година за прв пат Сојузот на училишен спорт на општина Гази Баба во своето работење превзема и организација на спортски активности за децата од одделенската настава со цел истите од најмали нозе да ги насочиме да чекорат по спортските патеки.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

Фејсбук