Денови на електротехниката

Средното електротехничко училиште “Михајло Пупин” Скопје“ и оваа година традиционално ја организираше активноста "Денови на електротехниката” на која учество зедоа и ученици од нашето училиште. По натпреварот во електротехника на кој учествуваа нашите ученици Андреј Петровиќ 8-1, Љубиша Цветковски 8-2 и Дамјан Трајановски 9-1, денес беше посетена хидроцентралата "Матка" а активностите продолжуваат и утре. Благодарение на менторот Филип Ацевски, нашите ученици имаат прекрасна можност да го запознаат училиштето и електротехничката наука одблизу!!!

Фејсбук