Општински натпревар во прва помош
Саб, 13/5/2023
Денес 13.05.2023 г. нашиот училишен тим на Црвениот Крст учествуваше на 43-от општински натпревар во прва помош. Екипата составена од Љубиша Цветковски 8/2 одд, Андреј Петровиќ, Лана Ристиќ, Валерија Стојковска, Огнен Дачев и Марија Петковска од 8/1 одд. го освоија третото место. Раководител на екипата е наставникот Бојан Станковиќ. Голема благодарност до волонтерката Ева Краљевска, наша поранешна ученичка која несебично ни помогна во подготовките. Честитки на тимот и многу успех на понатамошните натпревари. |