Дводневна екскурзија

Живееме во земја која изобилува со убавини, откриени и неоткриени, убавини кои чекаат да бидат истражени и пронајдени.

На ден 19 и 20 мај 2023 година се организираше дводневна екскурзија за учениците од 6то одделение. Учениците при оваа екскурзија се запознаа со културното наследство и убавините на источниот дел на Македонија. Ја посетија мегалитската опсерваторија - Кокино, Кратово, Пробиштип, Радовиш, Колешинските водопади, манастирите во околните села во Струмица Водача и Вељуса, Дојран, посетија печатница, винарија и локалитетот Стоби. Учениците при оваа посета се стекнаа со знаења за културното богатство што го нуди нашата земја, се запознаа со начинот на печатење и производство на вино а најважно од се е дводневното другарување со одделението кое во изминатиот период многу недостасуваше.

Фејсбук