Настава во природа - 2

Од 22 до 26 мај, со учениците од петто одделение од нашето училиште се реализираше предвидената - Настава во природа со сместување во хотелот "МВР" во Охрид. Учениците поминаа пет прекрасни дена исполнети со учење, спортување, посети и запознавање со убавините на нашата прекрасна Македонија при што беа посетени Вруток, Св. Јован Бигорски, Вевчанските извори, Струга, Калишта, Охрид, Плаошник, Самиловата тврдина, Св. Јован Канео, Св. Софија, Наколната населба, Етно ресторан Бабино, Хераклеа и др. Учениците поминаа пет незаборавни дена со што ја покажаа својата дружељубивост, сплотеност, другарство, чувство за грижа и соработка. Благодарност и на наставничките Гордана Стојановска и Македонка Настевски за својот професионален однос за време на реализацијата на наставата во природа.

Фејсбук