Општински турнир во пинг понг и тенис
Во рамките на меѓуучилишните натпревари во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, на 30.05. и 01.06.2023 г. во новоотворената фискултурна сала во ООУ "Кирил и Методиј" и на тенискиот терен во ООУ "Григор Прличев" се одржаа општински турнир во пинг понг и тенис каде нашите учениците се натпреваруваа во машка и женска конкуренција. Во фер плеј натпревари учениците прикажаа одлични игри, но не успеаја да се закитат и со некој од медалите. Во Пинг понг се натпреваруваа: Андреј Петровиќ Христијан Ангеловски Матеа Тасеска и Антонија Стојковска Во Тенис се натпреваруваа: Петар Димитриевски Петар Симоновски Ангела Кимовска Јована Алексова Честитки за учениците и за менторот Кристијан Ѓошевски |