Кошарката моја игра
Сре, 07/6/2023
Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Општина Гази Баба на ден 06.06.2023 во новата училишна спортска сала „Бобан Ивановиќ“ во склоп на ООУ „Кирил и Методиј“- Стајковци се организираа спортски активности за учениците од 4-то одделение во одделенска настава под мотото „Кошарката моја игра“ каде учество земаа ученици од сите основни училишта од Општина Гази Баба. Целта на оваа активност е промоција на кошарката како спорт и вклучување на учениците од најмала возраст во спортските натпревари. Честитки за нашите ученици !!! |