НАТПРЕВАР ВО ВОЗЕЊЕ РОЛЕРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Чет, 08/6/2023
На 07.06.2023г. во организација на Сојузот на училишен спорт, а во соработка со Биатлонскиот клуб Ски Рис се одржа натпревар во возење ролери за учениците од општинските основни училишта во Гази Баба. Натпреварувањето се одвиваше во женска и машка конкуренција. Општина Гази Баба даде поддршка на организацијата на натпреварот, со цел учениците да се запознаат со вештините кои ги има нордиското скијање со сите свои дисциплини. |