Коктел - средба во Резиденцијата на Франција

Во рамките на проектот на француското Министерство за Европа и надворешни работи за заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, Францускиот институт од Скопје оформи мрежа на училишта „Го сакам францускиот“ каде е вклучено и нашето училиште ООУ „Крум Тошев“.

По тој повод денес се одржа коктел - средба во Резиденцијата на Франција со Амбасадорот на Франција во Македонија и директорот на Францускиот институт од Скопје каде што беа претставени активностите кои би се воделе во текот на овој проект. На средбата присуствуваа директорката на училиштето Александра Димитриевска, наставничката по француски јазик Каролина Димовска и претставник - ученик Амра Шаља.

Фејсбук