23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!

На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун, македонските интелектуалци д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев ја формирале Македонската Револуционерна Организација (МРО), како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување на Македонија.

Илинденското востание во Крушево од 2 август 1903 година, преку Народно-ослободителната и антифашистичката борба на Mакедонскиот народ во Втората Светска Војна со АСНОМ од 2 август 1944 година во манастирот “Прохор Пчињски“ и референдумот од 8 септември 1991 година, претставуваат континуитет на македонската многувековна борба за слободна и обединета Македонска држава!

Фејсбук