Едукативно предавање за здравје и здрава храна
Пет, 27/10/2023
На 27.10.2023 г. пред учениците од VI до IX одделение беше одржано предавање од страна на стручни медицински лица од Македонското здружение за исхрана и здравје. На учениците им се обрна особено внимание на количеството сол и шеќер кои несвесно ги внесуваме секојдневно, а кои можат сериозно да му наштетат на нашето здравје. На предавањето беа споделени и корисни препораки за подобрување на нашите навики во исхраната. Здрава храна за живот без мана! |