Награден конкурс „ЦРТАМЕ И ПЕЕМЕ НАРОДНИ ПЕСНИ“
На наградниот конкурс „ЦРТАМЕ И ПЕЕМЕ НАРОДНИ ПЕСНИ“ во рамките на Проектот „За инклузивна народна песна и соживот“ во организација на Фолконика со одлични музички и ликовни творби се претставија и нашите ученици кои имаа задача да нацртаат или испеат народна песна. Учениците требаше да се инспирираат од својот фолклор, да го поттикнат соживотот, за што твореа на македонски и албански народни песни. Стручната комисија ги прогласи најдобрите творби. За музичките изведби 2. место освои изведбата на „Македонско девојче“ - Јана Атанасовска VII-1 одд. ментор Бојан Станковиќ. За ликовни дела 3.место освои цртежот „Хасан Ага“ - Амра Шаља ментор Јулија Н. Пешевска. Со Признание за учество во конкурсот од комисијата се наградени учениците од V-1 одд. со „Македонско девојче“ - ментор Фанка Каралиева, како и Матеа Тасеска 8-1 со цртеж „Море сокол пие“ ментор Јулија Н. Пешевска. Честитки за сите ученици и за наставниците, кои ги мотивирале да творат на народните песни. |