Психолошки работилници

Денес, 07.12.2023г. во нашето училиште се реализираа неколку психолошки работилници за учениците од 6 до 9 одделение, на кои им беа поделени флаери за ученици и родители и на тој начин училиштето се вклучи во кампањата на компанијата Макпетрол - „Крени глас против врсничкото насилство“.

Работилниците беа реализирани од страна на надворешни стручни лица психолог / психотерапевт, специјален едукатор и рехабилитатор во соработка со стручните соработници на училиштето. Целта на работилниците е да се подигне свеста за негативното влијание на булингот, како и тоа да се охрабрат младите отворено да зборуваат за врсничкото насилство.

Отворената комуникација е најдобриот и најбрзиот начин за заштита и ставање крај на врсничкото насилство. Кренете глас против врсничкото насилство!

Фејсбук