Одбележан 15-ти Март - Националниот ден на Унгарскиот народ
Чет, 14/3/2024
Заедно со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е Андраш Клајн, утрово по повод одбележувањето на 15-ти Март, Националниот ден на Унгарскиот народ, Градоначалникот на Општина Гази Баба г-дин Бобан Стефковски положи свежо цвеќе пред споменикот на Лајош Кошут истакнат унгарски правник, политичар и вршител на должноста претседател на Кралството Унгарија. Општина Гази Баба негува одлична соработка со Унгарската амбасада и за таа цел е изграден парк на унгарско - македонско пријателство во Урбаната заедница Триангла. Во рамки на одбележувањето на националниот ден во училиштата во општина Гази Баба се одржа литературен и ликовен конкурс и најдобрите три творби и цртежи кои беа изработени од учениците беа наградени. Честитки за нашиот ученик Теодор Радевски од 9-1 одд. кој освои ПРВО МЕСТО на ликовниот конкурс и неговиот ментор Јулија Никовска Пешевска. |