20 Март - Светски ден на оралното здравје
Сре, 20/3/2024
Секоја година ширум светот на 20 Март се одбележува Светски ден на оралното здравје. Во светот дури 3.5 милијарди луѓе страдаат од орални болести кои влијаат на нивниот живот и им предизвикуваат здравствен, економски и социјален проблем. Лошото орално здравје освен болка и непријатност доведува до отсуство од училиште или работното место, предизвикувајќи намалена продуктивност во учењето и работата. Лошото орално здравје е причина за појава на најразлични други болести кај луѓето: срцеви болести, дијабетис, пневмонија и др. За живот без маана, јадете здрава храна и грижете се за вашето орално здравје, за вашата среќа и благосостојба. |