Светски ден на поезијата
Чет, 21/3/2024
Со изразно читање на поетски творби од странски и македонски поети учениците од предметна настава под менторство на наставничките по македонски, англиски и француски јазик го одбележаа 21 Март Светски ден на поезијата. Слушнавме стихови од Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Шарл Бодлер и од неколку други познати поети. Воедно учениците преку кратко излагање на наставничката Маја Ѓорѓиев стекнаа знаења и за Меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. |