Театарска претстава
Вто, 26/3/2024
Театарска претстава „Превенција и спротивставување на насилството и ненасилно решавање конфликти“ На 26.03. 2024 г. дел од нашите ученици од 8 и 9 одделение имаа можност да бидат дел од форум театарска претстава која се одржа во Домот на култура Димитар Влахов - Автокоманда, а која беше организирана од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта / ЛА СТРАДА - Македонија“. Учениците имаа можност со активно вклучување во делови од претставата и да дадат решенија за надминување на овие проблеми. Целта на форум претставата е да поттикне дијалог и свест меѓу учениците, наставниците и претставниците на локалната самоуправа. |