7 Април - Светски ден на здравјето
Пон, 08/4/2024
На 7 април се одбележува Светскиот ден на здравјето под покровителство на Светската здравствена организација, со цел подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Во 1948г. СЗО го одржа Првото здравствено собрание на кое е одлучено на 7 април секоја година да се одбележува Светскиот ден на здравјето, почнувајќи од 1950 година. На овој ден е основана СЗО и целта е да се привлече меѓународното внимание за здравствените проблеми со кои се соочува светот. Секоја година на овој ден се организираат најразлични меѓународни, регионални и месни настани со одредена тема, важна за таа година. Темата за оваа година е „Мое здравје, мое право“. |