Едукативно-рекреативна посета на Велес
Пон, 08/4/2024
На 06.04.2024 година учениците од 8-1/2 одделение го посетија градот Велес, под раководство на наставниците по македонски јазик и историја. Посетата беше овозможена од соработката со Македонски железници и понудата Викенд за млади, за бесплатно возење со воз. Учениците имаа можност да го посетат Музејот на град Велес и Куќата на Кочо Рацин, како и да ги разгледаат другите културно-историски споменици низ градот. Дружбата беше дополнета и со релаксирачки одмор и ручек во кафе ресторан, при што сите ученици уживаа и се забавуваа. |