Настава во природа - 1
Чет, 25/4/2024
Нашите ученици од 5 одделение од 22.04.2024г. до 24.04.2024г. имаа настава во природа предвидена за оваа учебна година според Правилникот за ученички екскурзии и излети. Во текот на ова тродневно возбудливо патување учениците имаа можност да посетат многу наши познати места и локалитети: Мавровско езеро, манастирите Св. Јован Бигорски и Рајчица, потоа Вевчани и Вевчанските извори. Учениците беа сместени во хотел покрај Охридското езеро и уживаа во неговата убавина. Имаа можност да прошетаат низ градот Охрид и да ги посетат црквата Канео, Охридското кале и амфитеатар, како и да уживаат во охридската архитектура и чаршија. Учениците го посетија и Музејот во Струга, а во слободните попладневни часови во опуштена атмосфера во хотелот ги споделуваа своите впечатоци. За учениците беше организирана и диско забава, па на возбудата и среќата и немаше крај. |