Дводневна екскурзија 6 одд. - Источна Македонија
Саб, 27/4/2024
Нашите 6 одделенци на 25.04.- 26.04.2024г. имаа можност да прошетаат низ Источна Македонија и да ги посетат следниве локалитети и знаменитости: црквата Св. Троица во Радовиш, манастирот Вељуса, Колешинските водопади, Природонаучен музеј во Дојран и Стоби. Учениците престојуваа во хотел во Дојран и во слободното време го разгледуваа градот и уживаа во заедничката дружба со своите врсници од ООУ Његош. |