Општински натпревар по прва помош
Саб, 27/4/2024
Денес на 27.04.2024 година се одржа 44 натпревар по прва помош во кој учествуваше нашиот тим за Црвен крст составен од учениците од 9 одделение: Љубиша, Андреј, Огнен, Валерија, Лана и Марија, под менторство на наставникот Бојан Станковиќ. Нашиот тим покажа дека е меѓу најдобрите тимови кои знаат секогаш да да укажат помош кога е најпотребно и убедливо го освоија ПРВОТО МЕСТО. Честитки за учениците и нивниот ментор, а воедно голема благодарност до нашата поранешна ученичка Ева Краљевска и нејзината несебична помош во подготовките за натпреварот. |