Одбележување на 7 Мај - Ден на македонската полиција - 1

Денес нашите ученици имаа можност да присуствуваат на централната прослава по повод Денот на македонската полиција која се одржа во паркот Аеродром (парк Авионче).
По поздравното обраќање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев следуваше доделување на благодарници на припадници на МВР, како и презентација на опремата и дружба со припадниците на различни единици во полицијата.
Учениците беа воодушевени од се што видоа на овој настан, како и од музичкиот забавен дел кој дополнително ја збогати атмосферата.
Убавата атмосфера ја завршија со кафе дружба во ТЦ Бисер.

Фејсбук