Тродневна екскурзија на 9 одделение - Западна Македонија - 3
Чет, 16/5/2024
Во периодот од 13.05. до 15.05. 2024 година учениците од 9 одделение беа на својата полуматурантска тродневна екскурзија низ Западна Македонија. Учениците имаа можност да посетат многу значајни културно-историски споменици и локалитети: Маврово, Бигорски манастир, манастир Рајчица и Вевчани и вевчански извори. Во Охрид и околината ги посетија: манастирот Свети Наум, наколната населба Заливот на коските, црквите Св. Канео и Света Софија, а уживаа и во убавините на Охридското езеро гледано од Плаошник. Прошетката низ стариот дел на Охрид беше заокружена со разгледување на старата охридска архитектура, Куќата на Робевци, амфитеатарот, како и со кафе дружба во охридската чаршија. Целата екскурзија помина во прекрасна атмосфера, дружба и забава и учениците уживаа во прекрасните моменти. |