Час по историја и општество во 4 одделение - спој на теорија и пракса

Денес на часот по историја и општество во 4 одделение учениците преку подготовка на трпеза со традиционални јадења учеа за културата, традицијата, обичаите, храната и фолклорот на различните етнички заедници во Македонија.
Учениците стекнаа нови знаења и дегустираа најразлични слатки и солени јадења, подготвени од вештите раце на нивните мајки и баби.
Голема благодарност до сите родители од 4-1 и 4-2 одд. за нивниот ангажман.

Фејсбук