Одбележан Светскиот ден на животната средина
Сре, 05/6/2024
Општина Гази Баба и оваа година го организира Еколошки конкурс “Денови на пролетта - Денови на екологијата” за најголем допринос во развојот на екологијата, во повеќе категории: најубаво уреден двор, најеколошка компанија, најголем придонес за екологијата, најубава творба и најубав цртеж на тема екологија. Еколошкиот конкурс започнува со првиот ден на пролетта 21 Март, а доделувањето на наградите е во рамките на одбележување на Светскиот ден на животната средина 05 Јуни. Денес во Парк шумата Гази Баба се одбележа Светскиот ден на животната средина на кој градоначалникот Бобан Стефковски ги додели плакетите на наградните апликанти и беа засадени 50 багремовите садници обезбедени во рамките на проектот “Со екологизам против насилен екстремизам” кој општината го спроведуваше заедно со “Флоразон” во сите основни училшта на територија на Општина Гази Баба. Им честитаме на наградените ученици: Марија Глигорова 4-2 одд., Неда Најдовска 4-2 одд., Нела Атанасовска 6-2 одд. и Ива Стојановска 8-1 одд. и на нивните ментори, а воедно и апелираме сите да се грижиме за животната средина, за да и животната средина се грижи за нас. |