Првенец на генерација 2024

Според Правилникот за наградување на ученици и по спроведување на Конкурсот за избор на првенец на генерација за 2024 година, за првенец на генерација во нашето училиште е избран ученикот од 9-1 одд. АНДРЕЈ ПЕТРОВИЌ.
По тој повод на 17.06.2024 г. нашиот првенец беше поканет на средба со градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски и останатите првенци од другите училишта. Градоначалникот на првенците им врачи признание за постигнатиот успех и им подари вредносен ваучер од 3000 денари.
Честитки за сите првенци и им посакуваме уште поголеми успеси.

Фејсбук