Светски ден на хуманоста

На 19 август, насекаде во светот се одбележува денот на хуманоста. Хуманоста како највисок чин на човечност, го прави светот подобро место за живеење.
Пример за хуманост се волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гази Баба кои непристрасно и доброволно својата хуманост, како особина, jа претвараат во големи количини на енергија од хумани дела што jа пренесуваат онаму кадешто е најпотребно.
„Големината на човештвото не е во тоа да се биде човек, туку во тоа да се биде хуман“ е една од најзначајните мисли на индискиот пацифист и борец за човекови права, Махатма Ганди.
Да бидеме хумани, бидејќи нашето малку за некого значи многу!

Фејсбук