Среќно првачиња

Денес во училишниот двор беа пречекани новите првачиња во нашето училиште на кои им посакавме срдечно добредојде во нашето училиште.
Првачињата и нивните родители проследија кратка приредба подготвена од нивните другарчиња од погорните одделенија и нивните наставнички.
Воедно се запознаа со своите нови учителки и добија скромни подароци.
Среќна и успешна да ни биде новата учебна 2024- 2025 година!

Фејсбук