Безбедноста на учениците секогаш е на прво место!

Денес на улицата пред нашето училиште, по налог на Општина Гази Баба беше поставена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Со оваа активност се зголеми безбедноста на учениците и другите учесници во сообраќајот односно со поставување на успорувачи на сообраќајот на влезот на училиштето се овозможи безбедно пристигнување и заминување на учениците.
Исто така се изврши кастрење на гранки и суви дрвја во училишниот двор и се овозможи безбеден и пријатен престој на учениците во училиштето.
Голема благодарност до нашата општина која со дела покажа дека се грижи за своите најмлади жители - децата.

Фејсбук