Учиме, истражуваме, со географската секција, низ цел свет патуваме!
Пет, 27/9/2024
На 27 септември се одбележува Светскиот ден на туризмот. Учениците членови на географската секција го одбележаа овој светски познат ден со прикажување на презентации за популарни туристички дестинации во светот и во Македонија. Тие истражуваа според своите интереси и ги претставија најпопуларните туристички локалитети. Нивното мото гласи: „Секое патување - ново доживување!“. |