5 Октомври - Светски ден на наставникот
Саб, 05/10/2024
Во чест на Светскиот ден на наставникот на часот по математика кај наставничката Ирена Камчева Младеновска учениците од VII-1, VIII-2, IX -1 и IX-2 ги заменија улогите со својата наставничка и на своите соученици им ги презентираа новите наставни содржини. Сите ученици уживаа во часовите и заеднички проникнаа во тајните на математиката. |