Превенција на насилство меѓу децата во училиштето

Проект „Предавања за подобрување на свесноста и информираноста на учениците и наставниците во Основните училишта за превенција од насилство, закани и опасности и за вработените во Општината за извршување на дел од законските надлежности“

На 07.10.2024 година во нашето училиште се одржа двочасовно предавање од страна на претставници од Здружението „Центар за интегрирана безбедност“ - Скопје за наставниците, стручните соработници и учениците од VI - IX одделение, како дел од проект поддржан од Општина Гази Баба.
Предавањето беше на тема Превенција на насилство меѓу децата во училиштето и соработка со полицијата и други надлежни служби за рано детектирање на насилството.
Целта на предавањето беше да се намали и надмине секој вид насилство, да се надминат предрасудите, да се почитуваат разликите, како и да се подигне свеста за потребата од соработка со полицијата и другите надлежни органи.

Фејсбук