Професионален развој на наставниот кадар
Вто, 08/10/2024
Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија организираше еднодневна работилница на тема: „Собранието и граѓанското образование“ за наставници по граѓанско образование од основните училишта од целата држава на 4 октомври 2024 година (петок) со почеток во 10.00 часот. Работилницата се одржа во салата Борис Трајковски во Собранието. Наставниците можеа да разменат и стекнат нови искуства кои ќе им бидат корисни во наставниот процес. |