Светски ден на менталното здравје
Пон, 14/10/2024
Професионален развој на стручните соработници - Одбележување на Светски ден на менталното здравје Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје го одбележа 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје. По повод овој ден беше организирана трибина на тема: Важноста на менталното здравје на работното место. На трибината земаа учество и стручните соработници во нашето училиште психолог Елена Геговска и педагог Александра Цветковска. Трибината се одржа во Домот на култура „Димитар Влахов“, н. Автокоманда од 15-16 часот. Панелист на трибината беше Розалија Секулоска, м-р психолог и психотерапевт. На трибината се разговараше за важноста на менталното здравје, грижата за него, влијанието на работното место, како и задоволството од избраната работа. Нема здравје без ментално здравје! Грижи се за своето ментаално здравје! |