Проект „Сплотени градиме отпорна заедница“
Пет, 18/10/2024
Нашето училиште е дел од проектот „Сплотени градиме отпорна заедница“ кој е поддржан од Општина Гази Баба, а чија цел е превенција од насилен екстремизам. На ден 17.10.2024 година стручните соработници Елена Геговска и Маја Ѓорѓиев одржаа работилница со учениците од 6 - 9 одделение од нашето училиште и разговараа за насилен екстремизам и превенцијата од него. |