Кампања „Денови на дарување“ - соработка со Билкилајф и проект на УСАИД „Партнерства за донирање“
Сре, 13/11/2024
Во нашето училиште се реализираше акција „Денови на донирање“ во соработка со социјалното претпријатие Центар за хербализам, туризам и одржлив развој Билкилајф, како дел од кампањата и проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведен од Конект. Собраните финансиски средства од донаторската акција се наменети за реализација на Хербален инклузивен туризам и учениците со попреченост ќе може да бидат вклучени во туризмот како ученици со подеднакви можност со другите. За овие ученици ќе се организираат Хербални инклузивни тури во хербалните подвижни градини на социјалното претпријатие Билкилајф во Бродец, Чучер Сандево. |