Едукативна работилница за подигнување на свеста за рециклирање на текстилен отпад
Чет, 14/11/2024
Во соработка со компанијата Тексомак, која промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад, спроведовме работилница со учениците од четврто одделение. Учениците имаа можност да научат за текстилниот отпад и неговото штетно влијание врз нашата околина, како и за рециклирањето со кое покажувме грижа кон нашата околина. Целта на работилницата беше подигнување на свеста за рециклирање на текстилен отпад. |